Серија А

ВАР му поништи четири гола на Сасуоло, Елмас и Наполи ги однесоа трите бода (ВИДЕО)

Наполи со 2-0 го совлада Сасуоло на домашен терен, гостите немаа среќа откако четири пати ја тресеа мрежата но ВАР им ги поништи сите голови поради офсајд.

Интересен натпревар на Сан Паоло, Наполи славеше со 2-0, но Сасуоло има за што да жали и гостите сигурно ќе бидат разочарани што се враќаат дома со празни раце. Избраниците на Де Ѕерби четири пати ја тресеа мрежата, но во сите наврати головите беа поништени поради офсајд. 

Наполи поведе рано, Хисај во 8. минута од мечот погоди од работ на шеснаесетникот за 1-0. Ѓуриќиќ во 32. минута го совлада Оспина, но прерано втрча, па голот беше поништен.

Пет минути подоцна, Ѓуриќиќ одново го матираше Оспина, но и овој гол беше поништен откако на зачетокот од акцијата, Траоре беше во недозволена позиција. 

На стартот од вториот дел, Капуто стрелаше прецизно но и овој гол беше поништен поради офсајд на Берарди. По еден час игра, ситуацијата беше обратна, Берарди ја смести топката зад грбот на Оспина но поради офсајд на Капуто, голот беше поништен. 

Гостите како да снемаа мотив по ваквиот развој на настаните, па во финишот од мечот Ален со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот ги реши сите дилеми и ги постигна конечните 2-0. 

Елиф Елмас доби петнаесетина минути, Македонецот имаше една шанса, но неговиот удар беше по средината на голот па Консиљи лесно го скроти.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе