Суперкуп на Шпанија

ВАР имаше полни раце работа, Реал не доби пенал во 98. минута, Атлетик Билбао ќе игра финале (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ја доби пресметката со Реал Мадрид во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, избраниците на Зинедин Зидан доцна се разбудија и загубија со 1-2.

Атлетик Билбао ќе се бори со Барселона за трофејот од Суперкупот на Шпанија, вечерва „баскијците“ со 1-2 го совладаа Реал Мадрид. 

Раул Гарсија го отвори резултатот во 18. минута, истиот играч потоа во 38. минута погоди од белата точка за 0-2. 

Реал се разбуди во продолжението од мечот, почнаа да се редат шанси а Бензема во 73. минута постигна гол, судијата покажа офсајд, но со помош на ВАР погодокот беше признат. 

Французинот и по втор пат ја затресе мрежата, но овој гол сепак беше поништен. 

Драмата продолжи длабоко во судиското надополнување, ВАР во 98. минута прегледуваше пенал за старт на Весга врз Рамос, но ништо не беше досудено.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе