Серија А

ВАР и гол од пенал му донесоа победа на Интер кај Каљари (ВИДЕО)

Два од два за Интер на стартот од новата сезона, „нероаѕурите" со три бода си заминаа од незгодното гостување кај Каљари, Лукаку од пенал донесе победа од 1-2.

Новиот Интер со Конте на кормилото има шест бода по првите две кола, вечерва „нероаѕурите“ триумфираа на Сардинија со помош на ВАР и удар од белата точка.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 25. минута од мечот. Во прв момент голот беше поништен поради офсајд, но по неколку минути прегледување на повторените снимки, ВАР ја преиначи одлуката и судијата покажа кон центарот.

Каљари стигна до изедначување на стартот од вториот дел. По еден центаршут на Нандез, Жоао Педро скокна највисоко и го совлада Хандановиќ за 1-1.

Интер се врати во водство во 71. минута. Сенси изнуди пенал а Лукаку реализираше од белата точка за 1-2. 

Илија Несторовски беше стартер за Удинезе и одигра 70. минути во поразот на домашен терен против Парма. Мечот започна добро за „бјанконерите“, Лазања донесе водство од 1-0 во 17. минута. Сепак, пред крајот на првиот дел Жервињо изедначи на 1-1, за по еден час игра Гаљоло да донесе комплетен пресврт. Во 75. минута Инглесе ја запечати победата на гостите.

Горан Пандев имаше епизодна улога и ги одигра завршните пет минути од победата на Џенова од 2-1 над Фиорентина. 

На останатите вечерашни натпревари, во меч со неколку пресврти, Торино со 2-3 триумфираше на гостувањето кај Аталанта, Сасуоло дома со 4-1 ја совлада Сампдорија, а Верона со 0-1 славеше на гостувањето кај Лече.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе