Серија А

ВАР хаос во Рим, Рома стигна до три бода против Торино (ВИДЕО)

Рома по подолго време врза две победи во Серија А, вечерва „волчицата" со 1-0 славеше против Торино со голот на Абрахам, на мечот имаше и проблем со ВАР, на кого му требаа пет минути да поништи пенал.

Рома стигна до триумф над Торино и покрај тоа што имаше само 32% посед на топката. Гостите беа подобар противник на стартот од натпреварот, но „волчицата“ од својата прва посериозна шанса го отвори резултатот.

Мхитарјан одлично го проигра Абрахам, а напаѓачот прецизно пласираше и ја смести топката во мрежата за 1-0.

Неколку минути подоцна, Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и досуден пенал, но ВАР на момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на зачетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката на теренот да се поништи.

Торино во продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа иницијатива, но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе