Серија А

ВАР го спаси Наполи од шокантен пораз кај Сасуоло, Милан пресилен за Џенова и Пандев (ВИДЕО)

Наполи и Елиф Елмас кикснаа на гостувањето кај Сасуоло, имаа два гола предност но на крајот ВАР ги спасуваше од шокантен пораз, Милан беше пресилен за Џенова и Горан Пандев и стигна до триумф од 0-3.

Наполи остана без два бода на „Мапеи“ стадионот, лидерот во Серија А киксираше и дозволи противникот да направи голем кам бек.

Откако во првото полувреме мрежите мируваа, Наполи поведе на стартот од вториот дел со голот на Руиз, а Мертенс по еден час игра зголеми на 0-2.

Домаќините сепак не се предадоа, преку Скамака намалија на 1-2, за во 89. минута Ферари да скокне највисоко по еден прекин и да погоди за 2-2.

Драмата продолжи во судиското надополнување, Дефрел го матираше Оспина за 3-2 и огромна радост на домаќините, но славјето го расипа ВАР, голот беше поништен поради прекршок на Берарди врз Рахмани.

Нашиот Елиф Елмас мечот го почна од клупата за резерви и шанса доби на стартот од вториот дел.

На вториот денешен натпревар во Серија А од 20:45 часот, Милан беше пресилен за Џенова и Горан Пандев и славеше со 0-3.

Ибрахимовиќ прекрасно погоди од слободен удар за 0-1 по десет минути игра, за во последните мигови од првиот дел, Месиас да зголеми на 0-2. Истиот фудбалер по еден час игра биеше прецизно по земја за 0-3.

Пандев влезе во игра кога веќе се беше решено, па не можеше да стори ништо за Џенова да избегне пораз.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе