ФА Куп

ВАР го спаси да не добие црвен картон, па потоа му донесе победа на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал дури во продолженијата од мечот го скрши отпорот на Њукасл и победи со 2-0, во центарот на вниманието беше Емил Смит Роу на кој му беше покажан и црвен картон, но ВАР ја смени одлуката. 

Арсенал се намачи со Њукасл за да дојде до следната рунда од ФА Купот, мечот во регуларниот дел беше 0-0, па се играа продолженија.
 
Херој за топчиите беше 20-годишниот Смит Роу кој постигна гол во 109. минута за водство од 1-0, а пред самиот крај погоди и Обамејанг од пенал за конечни 2-0.
 
Интересно, на Смит Роу претходно му беше покажан црвен картон, но по прегледувањето на ВАР судијата ја промени одлуката.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе