Дербито на „Диего Армандо Марадона“ заврши со победа на домаќините, Наполи го совлада Јувентус со 1-0.
Клучниот момент на натпреварот се случи по половина час игра кога Кјелини несмасно реагираше и со рака го удри Рахмани во лице и покрај тоа што дефанзивецот немаше шанси да стигне до топката пред голманот Шчесни.
Судијата не досуди ништо но со помош на ВАР покажа на белата точка а Лоренцо Инсиње погоди од 11 метри за погодокот број 100 во дресот на Наполи и водство од 1-0.
Јувентус заигра далеку подобро во продолжението од натпреварот, го притисна Наполи и креираше неколку добри шанси но Мерет ги одбрани ударите на Роналдо, Киеза и Мората.
Нашиот Елиф Елмас доби шанса од клупата, на теренот помина половина час и помогна Наполи да ја одбрани предноста.