Серија А

ВАР го поништи голот на Рабио, Јуве прикажа премалку против Сампдорија за поделба на бодовите (ВИДЕО)

Јувентус одигра 0-0 на гостувањето кај Сампдорија, избраниците на Макс Алегри прикажаа премалку, не креираа многу шанси а и кога успеаја да погодат, ВАР го поништи голот на Адриен Рабио.

Наполи, Интер и Рома остануваат трите екипи со максимален учинок по воведните две кола во Серија А откако вечерва Јувентус одигра 0-0 на гостувањето кај Сампдорија.

Избраниците на Макс Алегри прикажаа премалку, не креираа многу шанси, а и кога успеаја да ја затресат мрежата преку Адриен Рабио во 65. минута, се огласи ВАР и го поништи голот поради офсајд во зачетокот од нападот.

Сампдорија беше подобар противник во првото полувреме, имаше неколку шанси, Лерис беше најблиску до гол, но ја погоди пречката.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе