Сопругата на Мауро Икарди одново привлекува внимание

Ванда Нара со ново провокативно интервју, откри кога прв пат имала секс, дали го изневерила Икарди, аферата со Брозовиќ...

Ванда Нара отворено разговараше во емисијата Ле Јене за својот приватен живот и откри кога прв пат имала секс, дали некогаш го изневерила Мауро Икарди и за наводната афера со Марсело Брозовиќ.

Светот на фудбалот ја запозна Ванда Нара како дејвоката која ги раскара двајцата пријатели и соиграчи од Сампдорија, Макси Лопез и Мауро Икарди. Во 2013 таа го прекина бракот со Макси Лопез, со кого има три деца, и потоа заспочна врска и се омажи со Мауро Икарди.

Таа сега е дел од фудбалот како агент на Муаро Икарди, и често добива критики за начинот на кој се грижи за карирата на напаѓачот. Се говореше дека Ванда Нара е причината за одлуката на Интер да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот, потег кој направи јаз кој никогаш не беше надминат и играчот минатото лето го напушти клубот и се пресели на позајмица во Париз.

„Велат дека ќе му ја уништам кариерата на мојот сопруг, но тоа не е точно“ – вели Ванда Нара во интевју за емисијата Ле Јене.

Кога настанаа проблемите помеѓу Интер и Мауро Икарди, имаше гласини дека Ванда Нара спиела со Марсело Брозовиќ.

„Ми пречеше тоа што измислија љубовна приказна со соиграч на мојот сопруг, јас никогаш се немам сретнато со таа личност“.

Таа објасни дека била неверна, но никогаш не му набила рогови на Муаро Икарди: „Ми ги знае сите лозинки. Сигурна сум дека и тој не ме изневерил, од време на време знам тајно да му прочепкам по телефонот и немам најдено ништо“.

За тоа колку е важен сексот (од 1 до 10), таа вели 10, открива дека прв пат имала секс на 18 години, во животот имала 3-4 партнери и никој не потфрлил со неа во кревет.


Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе