Сака да остане во Интер

Ванда: Икарди одби понуди какви што никој друг не би одбил

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара инсистира дека фудбалерот одбил понуди на кој никој друг не би можел да одолее, целта е да остане во Интер.

Интер му ја зема деветката на Икарди и му ја даде на Лукаку, долго време се шпекулира за заминување на напаѓачот, но тоа никако да се случи.
 
Икарди продолжува да одбива трансфери. Му кажа не на Наполи, се зборува дека би се преселил само во Јувентус. Но Ванда Нара вели дека единствената желба на Икарди е да остане во Интер.
 
„Имаме многу пријатели во Неапол. Точно е, тој кажа не на сите дестинации кои не се Интер“, вели Ванда Нара.
 
„Сите го знаат неговиот избор уште од стартот на летото и во тоа се уверија сите клубови кои пројавија интерес. Според мене, на крајот на денот тој ќе остане во Интер. Тоа е негова одлука и може да има илијадници понуди...“.
 
„Тој не верува дека е завршено со Интер. Не знам што може да се случи, но ги знам неговите зборови уште од почетокот на преодниот рок и досега ништо не се променило“.
 
„Имаше понуди кои никој во светот не би ги одбил, но тој им рече не, само за да остане во Интер“.
 
„Мислам дека Антонио Конте е голем тренер и се надевам дека ќе одлучи да го игра Икарди исто како што одлучи да не го игра. Не чекам ништо од никого, тоа е избор на клубот, тие му даваат плата“.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе