СП 2022

Ван Гал: Катар е домаќин само поради пари, ФИФА се грижи само за тоа

Селекторот на Холандија, Луј ван Гал го кажа тоа што сите го знаат, Катар е домаќин на Светското првенство само поради тоа што има пари.

За Катар да биде домаќин на Мундијалот, ФИФА за првпат дозволи да се игра Светско првенство во ноември и декември.

Домаќинот постојано е обвинуван за кршење на човековите права при изградба на стадионите, а се јавуваа и афери за корупција при избор на домаќин на Светското првенство.

Катар не е фудбалска земја, оваа игра таму нема традиција, но ФИФА под изговор дека сака да го развива фудбалот и таму, реши тие да бидат домаќини.

Луј ван Гал јавно одлучи да го каже тоа што го знаат сите, Катар е домаќин само поради тоа што има пари.

„Смешно е што ќе играме во Катар. ФИФА вели дека целта ѝ е да го развива фудбалот и во таа земја. Како се развива фудбал? Со организација на турнир? Тоа е глупост. Знаеме дека станува збор за пари и комерцијален интерес. Тоа е тоа што ѝ е важно на ФИФА“, изјави Ван Гал.

Холандија обезбеди место на Светското првенство кое ќе се игра од 21. ноември до 18. декември.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе