„Лалињата“ го одбраа наследникот на Де Бур

Ван Гал ја прекина пензијата, ќе ја предводи Холандија по трет пат

Луј ван Гал денеска беше именуван за нов селектор на Холандија, искусниот стратег доби договор до крајот на Светското првенство во 2022 година.

Пет години по отказот од Манчестер јунајтед, Луј ван Гал му се враќа на фудбалот. Искусниот стратег денеска беше именуван за наследник на Франк де Бур на кормилото на Холандија.

„Холандскиот фудбал отсекогаш ми бил при срце и ова е чест за мене. Имаме малку време за следните натпревари од квалификациите кои се особено клучни за настап на Светското првенство. Па целиот фокус веднаш ќе биде насочен кон играчите и пристапот“ – рече Холанѓанецот, кој во недела ќе наполни 70 години.

За Луј ван Гал ова ќе биде трета среќа, тој во септември 2000 година за прв пат стана селектор на „лалињата“ но една година подоцна си поднесе оставка откако не успеа да обезбеди настап на СП 2002. Во август 2012, стратегот имаше втора авантура на клупата на Холандија и ги предводеше до трето место на мундијалот во Бразил во 2014.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе