Холандија против Аргентина е првиот дуел во четвртфиналето на мундијалот во Катар, двете репрезентации се сретнаа и на СП 2014, тогаш во полуфиналето, „гаучосите“ славеа на пенали.
Лео Меси е главната опасност во редовите на Аргентина, па новинарите го прашаа Луј ван Гал дали има план како да го сопре напаѓачот на ПСЖ.
„Меси е најопасниот кретивен фудбалер, знае да керира шанси но и самиот да постигнува голови. Сепак, кога неговиот тим ќе ја загуби топката, тој не помага во одбрана, и тука е нашата шанса“ – рече селекторот на Халндија.
Новинарите инсистираа стратегот да открие дали има специјален тактички план против Лео Меси, а тој само одговори: „Ќе видите во петок, сега нема ништо да ви откривам“.