Холанѓанецот има интересна приказна

Ван дер Варт му се исповеда на Крауч: Во Реал дадов три гола и Роналдо се лутеше, да беше ти ќе пиевме пиво!

Рафаел ван дер Варт му раскажа интересна приказна на Питер Крауч, наводно Кристијано Роналдо се лутел поради тоа што тој не постигнал гол а Холанѓанецот дури три пати ја тресел мрежата на противникот.

Во својата колумна за Дејли Мејл, Питер Крауч имаше разговор со Рафаел ван дер Варт, со кого ја делеше соблекувалната во Тотнем. Холанѓанецот ја искористи оваа прилика да раскаже интересна приказна за тоа колку е компетитивен Кристијано Роналдо.

„Ти беше фантастичен и на теренот и надвор од него, уживаше во секој момент од твојата кариера, исто и јас“ – му вели Ван дер Варт на Питер Крауч.

„Во денешно време, луѓето се многу сериозни. Не ти е дозволено да се насмевнеш, да направиш шега. Мислам дека нашата генерација прилично се забавуваше. Една работа особено ми се допадна кај тебе, никогаш не леташе во облаци. Дури и да не постигнеше гол, беше среќен за играчот што ќе ја затресеше мрежата“.

„И јас бев таков, за мене, најважно беше да победиме, не ме интересираше кој го постигнал голот. Но голем дел од напаѓачите се себични“.

„Играв со Кристијано Роналдо. Победивме со 6-0 против Хихон, јас постигнав хет-трик а тој не постигна ниту еден гол, па беше многу лут и вознемирен во соблекувалната! Нормално, да бевме јас и ти, ќе пиевме пиво!“.

Приказната можеби е интересна, но има неколку грешки. Реал Мадрид го победи Спортинг Хихон со 7-1 а не со 6-0. Исто така, натпреварот беше одигран во септември 2008, односно во тоа време, Кристијано Роналдо се уште беше играч на Манчестер јунајтед.

ЦР7 се пресели во Мадрид следната година и во белиот дрес играше покрај Рафаел ван дер Варт во сезоната 2009/10.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе