Ајакс знае како да заработува од продажба на играчи

Ван дер Сар: Ван де Бек може да си оди, но клубовите нема да добијат попуст за него

Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар потврди дека играчот од средниот ред Дони ван де Бек може да си замине од клубот во летниот преоден рок но само доколку добијат соодветна понуда. 

Ван де Бек е еден од играчите на Ајакс кои силно се поврзува со европските гиганти како Барселона, Реал Мадрид, Тотнем, Манчестер јунајтед...
 
„Минатата година имавме вербален договор со Онана, Таљифико и Ван де Бек да останат уште една сезона, а потоа ќе им помогнеме да го направат следниот чекор во кариерите. Ништо не е променето околу тоа“, вели Ван дер Сар.
 
„Но тоа не значи дека се на 50% попуст. Клубовите можат да заборават на тоа“.
 
Ајакс прави голем профит од генерацијата која стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите. Минатото лето заработи повеќе од 150 милиони евра само од продажбата на Френки де Јонг и Матијс де Лихт.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе