Ливерпул потврди

Ван Дајк успешно е опериран, следува долгиот процес на рехабилитација

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е успешно опериран во Лондон и наскоро ќе го почне процесот на рехабилитација која ќе трае долго. 

Главниот дефанзивец на Ливерпул, Ван Дајк на 17 октомври заработи тешка повреда по еден старт врз него на голманот на Евертон, Пикфорд. Тој ги оштети вкрстените лигаменти. Денеска во Лондон му беше извршена операција.
 
„Планираната операција за дефанзивецот на Ливерпул се случи во Лондон, беше успешно направена. Ван Дајк веднаш ќе се фокусира на почеток на рехабилитацијата со наша поддршка. Нема определено датум за негово враќање на теренот“, стои во соопштението на клубот.
 
Се очекува Ван Дајк да го пропушти остатокот од сезоната, евентуално да се врати на последните неколку натпревари.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе