За легендата на Холандија нема дилеми кој е број 1

Ван Бастен: Играч како Меси се раѓа еднаш во 50 години, тие што велат дека Роналдо е подобар, немаат поим од фудбал

Легендата на Холандија, Марко ван Бастан се вклучи во големата дебата за тоа кој е подобар, вели дека луѓето кои сметаат дека Кристијано Роналдо е пред Лео Меси не се разбираат од фудбал.

Кристијано Роналдо и Лео Меси се двајцата најдобри фудбалери на денешницата и едни од најдобрите во историјата. Но за тоа кој е подобар од нив двајца, има голема дебата која трае со години.

Свое мислење сега даде легендата на Холандија, Марко ван Бастен, За поранешниот напаѓач на Ајакс и Милан нема дилема, Лео Меси е број 1 а сите оние кои велат дека Кристијано Роналдо е на врвот, не се разбираат од фудбал.

„Кристијано Роналдо е голем фудбалер, но луѓето кои велат дека тој е подобар од Лео Меси, немаат поим од фудбал, или имаа само лоши намери“ – вели Ван Бастен.

„Меси е уникатен, ненадминлив и неповторлив. Играч како него се појавува еднаш во 50 или 100 години“.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе