Лео има уникатна рутина

Валверде сподели тајна на Меси и откри зошто Аргентинецот избегнува контакт со топката во почетните минути

Предводникот на Барселона, Ернесто Валверде откри една тајна на Лео Меси и вели дека Аргентинецот во почетните минути намерно не игра со топката за да ги простудира движењата на противничките дефанзивци и нивните слаби страни.

Стратегот во интервју за „Фајненшл тајмс“ говореше за тоа како тренерите во фудбалот имаат потешкотии да им дадат некој совет на играчите за време на натпреварот за разлика од кошарката или ракометот.

„Фудбалот им припаѓа на играчите. 45 минути, без прекин, играчот носи сопствени одлуки. Морам да признам дека големите играчи многу подобро ја анализираат играта од мене“ - вели Ернесто Валверде.

Тој потоа сподели една тајна на Лео Меси и откри зошто Аргентинецот избегнува контакт со топката во воведните минути. 

„Наместо анализира можеби е подобро да речам интерпретира. Долу на теренот, немаш време за мислење, мораш да играш“. 

„Исклучок прави Меси, кој првите минути од мечот ја игнорира топката, се „шета“ околу противничките дефанзивци и во својата глава ја фиксира позицијата и движењето на секој играч. Како што поминува времето, тој полека се приклучува во играта и точно знае каде е слабоста на ривалите“. 

Дали е паметно за Ернесто Валверде да открива дел од подготовките и однесувањето на својата прва ѕвезда и тоа во важен дел од сезоната, кога Барса ја чека битка на три фронта, ќе покаже само времето.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе