Примера

Ваљадолид промаши пенал во 97. минута, бод за Барди и Леванте

Ваљадолид и Леванте одиграа возбудливо реми иако натпреварот заврши без голови, домаќините не реализираа пенал во 97. минута од мечот. 

Вистинско чудо е што мрежите мируваа на натпреварот меѓу Ваљадолид и Леванте, шанси имаше и на двете страни а најголемата ја имаа домаќините на крај.
 
Во судиското продолжение по предлување на ВАР, Ваљадолид доби пенал, но Унаи не реализираше, неговиот удар го одбрани Абарис кој и го направи фаулот за најстрога казна.
 
Македонскиот репрезентативец, Енис Барди го одигра целиот натпревар.
 
Во останатите денешни мечеви од Примера победија гостите, Атлетик Билбао ја совлада Валенсија на Местаља со 2-0, со ист резултат Виљареал победи кај Бетис, исто како и Гранада кај Алавес.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе