Градскиот ривал на Леванте

Валенсија се приклучува во трката по Барди

По одличниот настап против Италија, се зголемува интересот за Енис Барди, брзо по информацијата дека Фенербахче се распрашува за него, стигнува шпекулација дека и Валенсија се приклучува во трката. 

Градскиот ривал на Леванте, екипата на Валенсија сака да го ангажира Енис Барди.
 
Леванте речиси сигурно ќе испадне од Ла Лига, а тоа значи дека Енис Барди ќе ја промени средината.
 
Валенсија која е далеку пославен шпански клуб од Леванте, ќе биде многу поголем предизвик за Барди кој ќе остане во местото каде живее само ќе го промени дресот.
 
Сепак конкуренцијата за потписот на македонскиот репрезентативец е голема и засега не се знае кој ќе го добие неговиот потпис. Покрај Фенербахче и Валенсија, Барди се поврзуваше и со екипи како Милан, Торино, Лацио, Бетис и Реал Сосиедад.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе