На важниот меч без еден од најдобрите играчи

Ужасни вести пред мечот со Косово, Елмас е позитивен на ковид-19!

Елиф Елмас е позитивен на коронавирус, нема да може да настапи на важниот меч против Косово. 

Наполи соопшти дека покрај Пјотр Зиелински позитивен на коронавирус е и нашиот фудбалер Елиф Елмас.
 
„Резултатите од последните четири теста открија дека Елиф Елмас е позитивен на ковид-19“, стои во соопштението на Наполи.
 
Тоа значи дека Игор Ангеловски за мечот со Косово нема да може да смета на еден од клучните играчи во националниот тим.
 
Се уште не се знае дали Горан Пандев ќе дојде и покрај тоа што е негативен.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе