Едно од поголемите трансфер промашувања во последните години

Уште ова фали: Барса и Јувентус повторно ќе ги трампаат Артур и Пјаниќ?!

Пред две години, Барселона и Јувентус ги трампаа Артур и Миралем Пјаниќ, зделката беше големо промашување, медиумите сега шпекулираат за можноста истата зделка да се повтори.

Летото во 2020 година, Барселона го испрати Артур во Јувентус, додека пак Јувентус го испрати Миралем Пјаниќ во Барселона.

Зделката падна во очи поради високите цени кои клубовите им ги одредија на играчите со цел да искажат капитални добивки и да ги избалансираат сметките.

Но на долг рок, трампата беше промашување, ниту Миралем Пјаниќ се наметна на Камп Ноу, ниту пак Артур се снајде на „Алианц“ во Торино, а големите плати на играчите им правеa проблеми на клубовите да им најдат нова средина.

Последните информации велат дека Артур бил понуден на Барселона, во моментов нема официјални преговори, но „каталонците“ се отворени за идеата Бразилецот да се врати, на Чави му се допаѓа играчот.

Клубот од Камп Ноу нема многу пари за трошење, па се говори за луда нова трампа со Миралем Пјаниќ, кој нема иднина во Барселона.

Макс Алегри е фан на играта на Босанецот, па останува да се види дали до крајот на летото може да падне една ваква зделка, која сигурно ќе биде големо изненадување.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе