Многу борба но малку шанси на дербито помеѓу Челси и Манчестер јунајтед. Наместо спектакл, љубителите на фудбалот гледаа уште едно разочарувачко дерби без погодоци.
Двата тима повеќе мислеа како да не примат гол, па со таков пристап, голманите имаа малку работа и најчесто требаше да бранат удари од далечина.
Менди и Де Хеа само во неколку наврати беа ставени на тест, но и тогаш лесно се справуваа.
Па на крајот Челси и Манчестер јунајтед собираја еден црн рекорд стар 99 години, и за прв пат по сезоната 1921/22 двете лигашки пресмети помеѓу овие два клуба завршиле без гол и со резултат 0-0.