РК Вардар

Уште еден руски репрезентативец потпиша за Вардар

Рускиот десен бек Димитри Киселев стави потпис на двегодишен договор со Вардар.

Вардар денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, нов руски репрезентативец ќе го носи црвено-црниот дрес.
 
Станува збор за 23-годишниот десен бек Димитри Киселев кој доаѓа од Санкт Петербург каде што настапува од почетокот на својата кариера.
 
Киселев е третиот ракометар кој официјално е потврден како ново засилување од Вардар, претходно потпис на договори ставија Сташ Скубе и повратникот Сергеј Горбок.
 
Киселев и Криштопанс ќе бидат десните бекови на Вардар во следната сезона. Русинот е висок 193 сантиметри а тежок 98 килограми.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе