„Колчонероси“ ја донесоа замената за Лукас Ернандез

Уште еден играч кој не е по мерак на Зидан заврши во градскиот ривал, Атлетико потпиша со Марио Ермосо

Детето на Реал Мадрид, Марио Ермосо заврши во лутиот градски ривал Атлетико Мадрид откако „кралевите" решија да не ја искористат опцијата и да го вратат во своите редови, мала утеха им е тоа што ќе добијат половина од сумата или 14,5 милиони евра.

„Колчонероси“ донесоа уште едно засилување, се работи за перспективниот Марио Ермосо од Еспањол. 24 годишниот Шпанец е централен дефанзивец кој добро се снаоѓа и како лев бек, со што практично е замена за Лукас Ернандез, кој беше продаден на Баерн Минхен за 80 милиони евра.

Атлетико Мадрид за услугите на Марио Ермосо ќе плати 25 милиони евра, плус додатни 4 милиони евра во лесно остварливи бонуси. Еспањол исто така ќе добие и 20% од следната продажба.

Од зделката добро ќе се офајди и Реал Мадрид, од чија школа потекнува дефанзивецот. На „кралевите“ им следува 50% или 14,5 милиони евра.

Клубот од Сантијаго Бернабеу имаше опција да го врати Марио Ермосо за 7,5 милиони евра, но Реал не се реши на еден ваков потег бидејќи играчот не бил по мерак на Зинедин Зидан.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе