Астон Вила го најде наследникот на Стивен Џерард, тоа е Унаи Емери.
„Астон Вила со задоволство може да соопшти дека го назначи Унаи Емери за нов главен тренер на тимот“, стои во соопштението на клубот.
Унаи Емери од 1 ноември ќе го преземе кормилото на тимот кога ќе треба да ја добие работната дозвола.
Ова за Емери ќе биде втора авантура во Премиерлигата, претходно работеше во Арсенал.