Лига на нации

Уморот е присутен, но ќе се даде максимумот за да се победи Грузија

Македонската фудбалска фудбалска репрезентација утре има нов предизвик, ја пречекуваме Грузија во натпревар од Лигата на нации. 

Фото: ФФМ
За една недела ова веќе трет натпревар на македонската репрезентација, момците на Ангеловски не се навикнати на вакво темпо, но ќе дадат се од себе да ја победат Грузија со која имаме средба и за еден месец, а тој е најважниот во нашата историја.
 
„Не го остваривме планираното во Естонија, но атмосферата во екипата е добра. Да не заборавиме дека стигнавме до нашата цел, на чекор до Европското првенство сме. Утре играме со противникот со кој ќе се сретнеме во финалето. Имаме повреди, но сите кои ќе истрчаат на теренот се должни да го дадат максимумот“, вели селекторот Ангеловски.
 
„Прв пат играме три натпревари во седум дена, првиот меч беше многу важен од секој аспект. Ако селекции како Италија, Шпанија ротираат, што останува за екипи како нашата. И Грузија има исти проблеми со повреди и отсуства, наше е да го искористиме тоа што го имаме. Не верувам дека тие не сакаат да бидат први во групата, не очекувам да калкулираат“.
 
Пандев вели дека мечот со Косово и физички и психички ги исцрпил играчите, но ќе го дадат максимумот против Грузија.
 
„Сите кои ќе играме ќе го дадеме максимумот иако ова е веќе трет натпревар за кратко време. Косово и физички и психички не исцрпи, но подготвени сме да дадеме се од себе и да одиме на победа. Знаевме дека не очекува пеколен ритам. Во овој меч ќе влеземе максимално, но фудбалот е игра во која има и противник кој не секогаш е лесно да го победиш. Се надевам дека ќе го добиеме мечот и ќе го освоиме првото место“, вели Пандев.
 
Мечот меѓу Македонија и Грузија се игра утре со почеток од 20:45.

Легенда под Главна слика

Фото: ФФМ

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе