Навивачите застанаа зад клубот и Де Лаурентис

Ултрасите на Наполи со протест и навреди за фудбалерите на денешниот тренинг: Вие сте платеници, го*на! (ВИДЕО)

Најверните навивачи на Наполи денеска имаа протест а се појавија и на тренингот на Наполи за да им поделат навреди на фудбалерите кои решија да покажат непослушност во втроникот и наместо во карантин да си заминат дома.

Турбулентни неколку дена во Наполи, по серијата лоши резултати, првиот човек на клбот, Аурелио Де Лаурентис нареди играчите да одат во карантин за дуелите со Салцбург во Лигата на шампионите и Џенова во Серија А.

На фудбалерите не им се допадна ова, па по мечот со Салцбург во вторникот покажаа непослушност и наместо да се пријават во хотелот, решија да си заминат дома. Раководството на Наполи сега размислува за санкции, се говори дека неколку играчи можат да бидат продадени а Лоренцо Инсиње да ја загуби капитенската лента.

Се верува дека играчите имаат поддршка од Карло Анчелоти, но на фановите не им се допадна бунтот. Неколку стотина фанови, од оние најверните, денеска имаа протест на кој побараа поголема почит и ги обвинија играчите дека се платеници.

Добар дел од нив потоа се појавија и на трибините за тренингот на Наполи, и кога играчите се појавија на терен, можеа да се слушнат најразлични навреди како „платеници“, „го*на“ па дури и закани „Ако не победите, ќе ве уништиме“.

Се верува дека навредите и заканите најмногу се однесуваат на тројца играчи односно Алан, Каљехон и Инсиње.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе