Баерн Минхен

Ули Хенес веќе го вброи Сане во тимот на Баерн Минхен

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека Лирој Сане треба да биде дел од новата ера на клубот.

Баерн Минхен долго време се поврзува со играчот на Манчестер јунајтед, Лирој Сане, се чини дека конечно ова лето треба да дојдат до неговите услуги.

„Со Џошуа Кимих, Никлас Шуле и се надевам Давид Алаба, Тиаго и исто така Лирој Сане, ние ќе имаме млад, надежен тим. Можам да замислам ако се оди добро, новата ера штотуку започнува за Баерн Минхен“, вели Ули Хенес.

Тој сака да го види и Каи Хавертс во Баерн Минхен но поради актуелната ситуација со коронавирусот не знае дали ќе може да си го дозволат.

„Би сакале да го имаме и Хавертс. Но во моментов јасно е дека не знаеме каде ќе оди економскиот момент во фудбалот. Би сакал да го видам него во Минхен од спортски причини, но гледано од денес не мислам дека би го купиле сега“.



Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе