УЕФА во одбрана на одлуката за финалето во Баку

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин застана во одбрана на одлуката на федерацијата – финалето на Лига Европа да се игра во Баку, Азербејџан, која наиде на критики на Англичаните.

Одлуката да се игра финалето од Лига Европа во Баку наиде на многу критики, пред се од англиските фанови кои имаа потешкотии да стигнат до Азербејџан. Далечината, ретките и скапи летови беа најголемиот проблем. Но УЕФА си ја брани одлуката.

– Англичаните секогаш се жалат, секогаш се незадоволни поради нешто. Така не си помагаат себе си. Зошто игравме во Баку? Па, и таму живеат луѓе, знаете, хомосапиенси. Тие не се бунеа поради тоа што натпреварот почна во 23 часот според нивното време, изјави Чеферин.

Тој даде дека одлуката е донесена пред година и пол и запраша, дали во Англија можеби постои само еден стадион кој е помодерен од тој во Баку.

– Ние мораме да го развиеме фудбалот секаде, не само во Германија и Англија. Што би се случило доколку на финалето би играле Шахтјор и Зенит? Тие би дошле на финалето во Лондон, да речеме, и не би се бунеле, рече претседателот на УЕФА.

Инаку, за трофејот на финалето на второто по значење европско клупско натпреварување, играа Арсенал и Челзи, а стадионот во главниот град на Азербејџан, не беше исполнет до последното место, па поради тоа беа упатени критики од англиските навивачи на адреса на УЕФА за погрешен избор на местото за финалето на Лига Европа. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе