Претседателот Чеферин го кажа своето мислење за елитната лига

УЕФА со сите сили ќе се бори против формирање на Суперлига

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека тој не само што е против формирање на Суперлига, туку ќе даде се од себе за да не се создаде таков затворен систем на натпреварување кое според него ќе го уништи фудбалот.

„Фудбал ликс“ откри заговор за формирање на Суперлига од страна на големите клубови и информацијата ја пласираше преку германскиот весник „Шпигел“.
 
Според нив Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен и тие би имале загарантирано учество во натпреварувањето секоја година. Кон лигата би се приклучиле уште неколку клубови, тие би можеле и да испаѓаат од таа лига.
 
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека еден ваков затворен систем на натпреварување ќе ја уништи смислата на постоењето на фудбалот и тој ќе се бори тоа да не се случи.
 
„Суперлигата ќе направи штета на фудбалот во целиот свет. Да ги гледате Јувентус и Баерн Минхен секоја недела би било подосадно отколку да речеме да гледате Јуве против Торино. Нема збор за тоа дека јас додека сум претседател ќе се борам и ќе направам се против една таква лига“, вели Чеферин.
 
„Доколку зборуваме за затворен систем, треба да заборавиме на солидарноста и развојот на фудбалот. На долг рок клубовите ќе бидат губитници“.
 
Генералниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге ги отфрли гласините за формирање на Суперлига.
 
„Не знам за вестите за Суперлига. Ниту знаеме нешто за тоа, ниту сме вклучени во некакви разговори. Тоа не е прашање за нас“, изјави Румениге.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе