„Гаучосите“ можат да бидат само гледачи

УЕФА со демант: Не сме ја поканиле Аргентина да биде дел од Лига на нации

По сториите дека Аргентина би можела да игра во Лига на нации, УЕФА испрати демант и појасни дека никогаш не се воделе дискусии на оваа тема, ниту пак ќе се водат.

Фокс Спорт објави дека Аргентина на маса има предлог да стане дел од новото натпреварување под капа на УЕФА, Лига на нации и „гаучосите“ сериозно размислуваат да го прифатат предлогот по случувањата на Копа Америка.

Сепак, европската куќа на фудбалот експресно реагираше и испрати демант во кој се вели дека Аргентина може да биде само гледач.

„Нема вистина во написите дека Аргентина добила покана да биде дел од натпреварување под капата на УЕФА, ниту пак да стане членка на УЕФА. УЕФА никогаш не дискутирала на оваа тема, ниту пак ќе дискутира. Сепак, во духот на пријателството, можеме да ја поканиме Аргентина како специјален гостин да гледа натпреварување кое го организира УЕФА“ – се вели во соопштението.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе