Симеоне доби парична глоба од 20.000 евра, ЦР7 може да биде суспендиран

УЕФА сепак покрена дисциплинска постапка против Роналдо, во четврток ќе се знае казната

Кристијано Роналдо е обвинет за недолично однесување, европската куќа на фудбалот покрена дисциплинска постапка против ЦР7 за контроверзниот гест по големиот триумф над Атлетико.

ЦР7 со три гола го урна Атлетико Мадрид и го однесе Јувентус во четвртфинале од Лигата на шампионите. Емоциите беа огромни, па по крајот на натпреварот, Кристијано Роналдо ја копираше прославата на Диего Симеоне од првиот меч и покажа дека „има мад*а“.

УЕФА минатата недела отвори неколку истраги но не и за гестот на Португалецот и се чинеше дека тој може да се извлече. Сепак, денеска пристигна соопштение дека е покрената дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо за недолично однесување и прекршување на два члена од дисциплинскиот правилник.

Тренерот на Атлетико Мадрид за својот гест доби парична глоба од 20.000 евра, но медиумите од Шпанија пишуваат дека европската куќа на фудбалот би можела да биде построга кон Кристијано Роналдо и да му изрече суспензија.

Причина за ова е тоа што ЦР7 навредливиот гест го направи кон противничките навивачи, и покрај ТВ снимките, има и аматерски видеа од целиот инцидент.

Одлуката за казната на фудбалерот на Јувентус ќе биде донесена на 21. март.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе