По негативните ракции на јавноста се огласија од Нион

УЕФА се правда за „случајот Мхитарјан“ и прстот го впери во играчот и Арсенал: Ние им гарантиравме безбедност, но...

Европската куќа на фудбалот ја кажа својата верзија за „случајот Мхитарјан", вели дека тие со помош на властите во Азербејџан ја гарантирале безбедноста, но играчот и Арсенал на крајот одлучиле тој да не патува.

ЕФА веќе го навлече гневот на навивачите на Арсенал и Челси откако на двата гиганти од Лондон им додели само по 6.000 билети за финалето во Лига Европа и покрај тоа што стадионот во Баку има капацитет од речиси 70.000.

Европската куќа на фудбалот денеска одново се најде на удар откако „топчиите“ соопштија дека Хенрих Мхитарјан нема да патува во Азербејџан. Па навивачите жестоко распалија на социјалните мрежи и дури побараа Арсенал и Челси да го бојкотираат мечот.

Сепак, од УЕФА брзо се огласија и ја кажаа нивната страна на приказната. Тие велат дека обезбедиле гаранции за безбедноста на Хенрих Мхитарјан, но Арсенал и играчот сами одлучиле тој да не патува.

„Во блиска соработка со Арсенал, УЕФА побара и доби гаранции околку безбедноста на играчот во Азербејџан и тоа од највисоките институции во земјата. Како резултат на овие гаранции, беше изготвен детален безбедносен план и му беше доставен на клубот. И покрај тоа што Арсенал го призна напорот кој беше напревен од УЕФА и властите во Азербејџан, клубот и играчот на крајот одлучија тој да не патува и ние ја почитуваме нивната одлука“ – се вели во соопштението.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе