Суперлига

УЕФА се повлече, нема да ги тужи Барселона, Реал Мадрид и Јувентус за обидот за формирање Суперлига

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште тврдат дека се во проектот „Суперлига“ и не се откажуваат од него, УЕФА соопшти дека нема да продолжи судски да ги гони овие три клуба, а останатите девет кој се откажаа нема веќе да ги плаќаат паричните казни.

Постапката против Јувентус, Барселона и Реал Мадрид е прогласена за „ништовна“ соопшти УЕФА.

УЕФА се обидуваше со судска постапка да ги казни трите клуба за кршење на правилата и формирање затворена лига спротивна на законот за конкуренција.

Но судот во Мадрид донесе одлука во полза на клубовите, па УЕФА се откажа од понатамошно гонење на трите клуба.

УЕФА исто така соопшти дека паричните казни кои им ги даде на останатите девет клуба кои се откажаа од Суперлигата, се укинуваат и тие не треба да платат ништо.

Тие девет клуба се Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Тотнем, Атлетико Мадрид, Милан и Интер.

Тие требаше да платат заеднички 15 милиони евра плус пет проценти од нивните награди од УЕФА натпреварувањата во текот на една сезона.

Но, иако УЕФА ги тргна сите казни за клубовите и се откажа од тужбите, се закани дека во иднина ќе направи се што е потребно за да се спречи создавање на Суперлига или некој сличен проект. 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе