Клубовите кои се откажаа ќе поминат полесно

УЕФА се договори со девет од 12 клубови од Суперлигата, Јувентус, Реал и Барса може да добијат посериозни казни

УЕФА постигна договор со девет од 12 клубови од Суперлигата кои ќе добијат помали санкции, Јувентус, Реал Мадрид и Барселона остануваат одметници од тоа друштво. 

УЕФА излезе со соопштение во кое потврди дека девет од 12 клубови потпишале декларација и ќе добијат помали санкции.
 
Тие ќе треба да платат заедно 15 милиони евра, средствата ќе бидат донрани за детскиот, младиинскиот фудбал и грасрут програмите низ Европа.
 
Дополнително ќе бидат санкционирани и со 5 проценти од заработката која ќе ја имаат во следната сезона во Европа.
 
Деветте клубови кои ја потпишаа декларацијата се Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед Тотнем, Атлетико Мадрид, Интер и Милан.
 
Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште не се откажуваат од Суперлигата, стојат на својот став и веројатно ќе добијат подебели казни. 
 
УЕФА дополнително ќе одлучи што ќе прави со нив, не се исклучува суспензија од една или две години од европските натпреварувања.
 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе