Начин како да се завршат сезоните

УЕФА ќе предложи, во домашните првенства тој што е прв да биде прогласен за шампион

На утрешниот состанок на сите 55 членки на УЕФА, куќата на фудбалот меѓудругото ќе препорачи и клубовите кои биле прво кога првенствата се прекинати да бидат прогласени за шампиони. 

Утре УЕФА ќе одржи многу важен состанок за актуелната состојба во фудбалот на кој се очекува да бидат донесени одговори за сите прашања. 
 
На состанокот ќе има три главни теми, тоа е одложување на Европското првенство, избор на формат по кој ќе се заврши сезоната во еврокуповите и начинот на кој ќе бидат завршени домашните првенства од кои треба да се пополнат и местата за ЛШ и ЛЕ за идната сезона.
 
Според весникот „АС“, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ќе предложи актуелните лидери на првенствата да бидат прогласени за шампиони доколку сезоната не може да се заврши.
 
Лигите би завршиле со актуелниот редослед на табелите, првиот би бил шампион, последните би испаднале од лигата, тие кои се наоѓаат на места кои водат во Лигата на шампионите следната сезона ќе бидат таму, итн.
 
УЕФА не може да донесе одлука, но нивната препорака има тежина и се очекува да биде прифатена од сите земји.
 
Сличен случај во минатото имаше во Србија во 1999 година кога сезоната не можеше да се доигра поради бомбардирањето. Тогаш Партизен беше лидер на табелата пред крајот на првенството и беше прогласен за шампион.
 
Ако биде прифатена ваквата одлука тоа ќе значи дека Вардар ќе биде шампион во Македонија, Ливерпул ќе ја освои Премиерлигата, Јувентус ќе го одбрани трофејот во Калчото, Барселона повторно ќе биде првак на Ла Лига, Бундеслигата ќе му припадне на Баерн Минхен.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе