Конечната одлука наскоро ќе биде донесена

УЕФА ќе казни четири клуба од Суперлигата, ќе добијат двегодишна забрана за настап во ЛШ?

Според „ЕСПН“, УЕФА подготвува дисциплинска казна против неколку клубови од Суперлигата, можна е суспензија од Лигата на шампионите до две години.

УЕФА постигна договор со неколку клубови кои дадоа збор дека веќе не се дел од Суперлигата, тие се Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем и Атлетико Мадрид. Се верува дека договор ќе биде постигнат и со Интер.

Но, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан може да добијат казни бидејќи тие се уште тврдат дека се во Суперлигата и проектот е жив.

Четирите клуба би можеле да добијат финансиски казни, но и исклучување од Лигата на шампионите на една или две години.

Во наредните денови се очекува комплетната разврска на овој случај, дали УЕФА ќе им прости на сите или ќе ги казни тврдоглавите.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе