Војната започна

УЕФА ќе ги тужи клубовите кои ја формираа Суперлигата, ќе им бараат отштета од 60 милијарди евра!

УЕФА и останатите фудбалски федерации цврсто застанаа во одбрана на принципите на фудбалот кои се градени со децении наназад, тие силно решија да се спротивстават на гигантите кои решија да си направат сопствена лига. 

12 фудбалски моќници решија да си направат сопствена лига и приходот да си го делат меѓусебе. Тоа значи дека ќе има многу повеќе пари за нив, планот е секој учесник само на стартот да добие по 350.000 милиони евра. 

Мотивот кај нив е јасен, парите, иако се кријат зад желбата на фановите да добијат повеќе дерби натпревари, сепак се очекува гневот од навивачите допрва да го слушнат.

УЕФА денеска има состанок во Нион, а според „Газета дело Спорт“ започната е постапка за тужба на клубовите кои ја создаваат оваа лига. Ќе се бара отштета од околу 60 милијарди евра поради уништувањето на еден комплетен систем.

Се уште не е јасно точно по кои основи ќе бидат тужени овие клубови, но адвокатите на УЕФА работат на случајот и веројатно веќе имаат идеи.

Фудбалскиот свет со сите сили ќе се бори за згаснување на оваа идеја за елитизирање на фудбалот.

УЕФА и домашните федерации веќе најавија исфрлување на овие клубови од сите други натпреварувања.

Засега само француските и германските клубови се повлекоа од идејата за Суперлигата.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе