Македонија на Европско првенство

УЕФА ја претстави Македонија како учесник на ЕП, Пандев и Барди се клучните играчи

На официјалниот сајт на УЕФА за Европското првенство, денеска Македонија беше главна, нашата репрезентација беше претставена како учесник на ЕП 2021. 

Во презентацијата се вели дека ова е прво учество за Македонија на голем турнир како што е Европското првенство.
 
Како клучни фудбалери се потенцираат капитиенот Горан Пандев и играчот на Леванте, Енис Барди.
 
Како незаборавни моменти се споменуваат првиот официјален меч против Словенија кој го добивме со 4-1 и првиот стрелец Зоран Бошковски. Споменат е и голот на Артим Шаќири директно од корнер против Англија во квалификациите за пласман на ЕП 2004, како и рекордната победа против Лихтенштајн од 11-1.
 
Од головите кои не смеат да се заборават се погодокот на Митко Стојковски ипротив Данска во септември 1994 година кој е деби гол во квалификациите за Европско првенство на нашата репрезентација. И последниот погодок на Горан Пандев протиив Грузија во Тбилиси кој ја однесе Македонија на ЕП.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе