Случајот е затворен

УЕФА ја одреди казната за судијата кој направи скандал на дуелот ПСЖ-Башакшехир

Европската куќа на фудбалот го затвори случајот со судијата Себастијан Колтеску, Романецот е суспендиран до крајот на сезоната за скандалот кој го напраив на дуелот ПСЖ-Башакшехир.

Себастијан Колтеску нема да суди до крајот на сезоната, УЕФА го казни Романецот за скандалот кој го предизвика на дуелот помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир во Лигата на шампионите. 

Тој беше обвинет за расизам од играчите на Истанбул Башакшехир, во протестите им се придружија и фудбалерите на ПСЖ па мечот беше прекинат по 13 минути. 

Но Европската куќа на фудбалот откако спроведе детална истрага реши дека Себастијан Колтeску ќе одговара само за недолично однесување. 

Медиумите од Романија минатиот месеци пишаа дека УЕФА пресудила дека зборот „negru“ иако на звук е сличен со навредливиот англискиот термин „negro“, во романскиот јазик не се користи за навреда или омаловажување. 

Себастијан Колтeску покрај тоа што нема да може да суди до 30. јуни 2021, ќе треба да присуствува и на едукативена програма.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе