Во вторник ќе биде донесена одлука

УЕФА има две опции за Европското првенство, да го помести во декември или во 2021 година

Според пишувањата на Телеграф, европската куќа на фудбалот ќе предложи Европското првенство да биде поместено во месец декември, и на тој начин да се отвори простор за првенствата да финишираат летоска.

Коронавирусот го суспендираше фудбалот во Европа, но полека станува јасно дека првенствата тешко ќе продолжат во скоро време. Пред федерациите да донесат одлука за тоа што понатаму и дали ќе се прогласуваат шампиони или сезоната ќе биде поништена, се чека одлука од УЕФА за ЕВРО 2020.

Европската куќа на фудбалот закажа состанок во вторник на кој ќе се разговара за Европското првенство, како и за Лигата на шампиони и Лига Европа. Изминативе денови се говореше дека континенталниот собир може да биде поместан во 2021 година, но Телеграф вечерва пренесе за нова опција.

УЕФА размислува ЕВРО 2020 да се одржи во месец декември, слично како што Светското првенство во 2022 во Катар треба да се игра во ноември и декември.

На овој начин ќе се отвори простор за првенствата во Европа да продолжат во јуни и да бидат комплетирани сите кола, а да финишира и сезоната од Лигата на шампиони и Лига Европа.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе