Серија А

Удинезе ја демолираше Рома, тежок пораз за тимот на Мурињо (ВИДЕО)

Тимот на Жозе Мурињо доживеа срамен пораз на гостувањето кај Удинезе, Рома за првпат оваа сезона загуби, а тоа беше со неверојатни 4-0. 

Рома до денешниот меч имаше примено само еден гол и немаше ниту еден пораз, но сето тоа се промени вечерва.
 
Римската волчица одигра катастрофален меч и доживеа вистински дебакл, пораз од 4-0.
 
Работите за Рома тргнаа лошо уште на самиот старт на мечот, Карсдорп направи катастрофална грешка, сакаше со гради да додаде до Руи Патрисио, но Удоги стигна пред голманот и постигна гол за водство на Удинезе од 1-0.
 
Рома се обидуваше да дојде до израмнување, Дибала имаше една шанса, но тоа беше се што направија во првото полувреме.
 
Во вториот дел се чекаше одговор од момците на Мурињо, но наместо тоа се случи уште полоша игра.
 
Самарџиќ во 56. минута испрати вистинска бомба од далечина, топката отскокна пред Патрисио и заврши во неговиот гол за водство на домаќините од 2-0.
 
Прашањето околу победникот го реши Переира во 75. минута кога убаво ја пласираше топката за водство од 3-0.
 
А четвртиот гол за Удинезе беше дело на Ловриќ на осум минути пред крајот на натпреварот.
 
Несторовски остана на клупата на овој меч.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе