ПМФЛ

Убедлива победа на Шкендија против Борец, Адем ја спаси Македонија ЃП од пораз против Ренова

Петте денешни натпревари од деветтото коло во ПМФЛ, не беа многу ефикасни, најмногу погодоци имаше во Тетово каде Шкендија со 3-0 го совлада Борец. 

Шкендија запиша лесна победа против Борец, победи со 3-0. Гури постигна два гола, еден даде Дориев.
 
Македонија Ѓорче Петров со гол на Адем од пенал во 87. минута дојде до реми со Ренова која водеше со гол на Серафимовски од 56. минута.
 
Брегалница со гол на Алтипармаковски ја победи Струга Трим Лум со 1-0.
 
Немаше голови на мечевите Пелистер - Тиквеш и Скопје - Академија Пандев.
 
Утре се игра натпреварот меѓу Шкупи и Работнички.
 
Табела 9. коло:
 
1. Ренова 18
2. Шкупи 17 (-1)
3. Академија Пандев 15
4. Работнички 15
5. Шкендија 14
6. Струга ТЛ 13
7. Брегалница 13
8. Македонија 10
9. Скопје 9
10. Борец 7
11. Тиквеш 6
12. Пелистер 4 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе