Европски куп на шампион во шах

Убедлива победа на Алкалоид, прв пораз на Гамбит

Алкалоид фати приклучок кон врвот на табелата на Европскиот куп на шампиони во шах, совладувајќи ја во 4. коло француската Ница Алекин со 5-1.

Единствениот кој успеа да му земе партија на македонскиот и европски шампион е французинот Максим Лагард (2.594), на втора табла, совладувајќи го Павел Елјанов (2.720). Останатите шахисти на Алкалоид ги добија своите партии и тоа Динг Лирен (2.772) на прва табла против Хрватот Хрвоје Стевиќ (2.616), Дмитри Андрејкин (2.705) против Германецот Денис Вагнер (2.564), Ју Јангуи (2.743) во партија со Младен Палац (2.540) од Хватска и на шестата табла Јури Криворучко (2.692) против Ненад Сулава (2.442) исто така од Хрватска.

Прв пораз забележа вториот македонски претставник и тоа од лидерот Глобус со 5,5-0,5. Единствениот кој не заврши со негатива е интернационалниот мајстор Марјан Митков (2.332) ремизирајќи против Украинецот Антон Коробов (2.652). Поразени беа Петар Арнаудов (2.441) на прва табла, Никола Николовски (2.420) на втора, Богдан Бодлесник (2.372) на трета, Орце Данчевски (2.367) на четврта и фидемајсторот Дејан Динев (2.271) на шеста.

Пред петтото коло на табелата води Глобус со 19.5 поени, Алкалоид е на делба на четвртото со 18, додека Асеко гамбит падна на деветтото место со 14 бода.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе