Серија А

Убедлив старт на Интер во новата сезона, победа над Кротоне за прво место во Серија А (ВИДЕО)

Интер со 6-2 го победи Кротоне и се искачи на врвот во Серија А, а колку ќе биде таму зависи од Милан кој подоцна во денот му гостува на Беневенто, Лаутаро Мартинез постигна хет-трик. 

Интер имаше одличен старт на новата сезона, тимот на Конте одигра одлично второ полувреме и дојде до голем триумф над Кротоне.
 
Гостите одлично го отворија мечот, поведоа со гол на Занелато уште во 12. минута, но Лаутаро Мартинез погоди осум минути подоцна за изедначување на резултатот.
 
Во 31. минута одлична акција на Интер која заврши со автогол на Мароне за пресврт и водство на нероазурите од 2-1, но само пет минути подоцна Големиќ од пенал го изедначи резултатот на 2-2.
 
Во второто полувреме приказната беше сосема поинаква, Лаутаро Мартинез постигна уште два гола за негов хет-трик, а по еднаш реализираа Лукаку и Хакими за конечни 6-2.
 
Интер сега е на првото место со два бода повеќе од Милан кој ако победи на гостувањето кај Беневенто ќе се врати на врвот.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе