Убедлив пораз на ЖФК Љуботен во квалификациите за Лигата на шампионите

Македонскиот шампион во женски фудбал, ЖФК Љуботен не се пласира во финалето од квалификациската група за влез во Лигата на шампионите која се игра во Скопје, откако загуби од Сент Полтен од Австрија со 7-0. 

Фудбалерките на Сент Полтен прашањето за победникот го решија уште во првите десет минути кога веќе имаа постигнато три гола. Останатите четири ги дадоа во второто полувреме.
 
Сент Полтен за место во Лигата на шампионите ќе се бори со Динамо Минск, додека Љуботен ќе игра за трето место на турнирот против Локомотива Стара Загора од Бугарија.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе