Хаос во Белград на прославата на титулата на Црвена звезда

Уапсени повеќе од 70 навивачи на Црвена звезда, претепале инспектори мислејќи дека се „Гробари“ (ВИДЕО)

Синоќа во Белград се славеше титулата на Црвена звезда, а настанот донесе и големи инциденти по кои се уапсени голем број на фановите на српскиот шампион. 

Славјето кое беше наречено „Бал на вода“ премина во насилно безредие откако група хулигани почнаа да кршат инвентар во кафулињата. Тие нападнале инспектори мислејќи дека се инфилтрирани навивачи на Партизан.
 
Брзо реагирала полицијата, дошло до пресметка со навивачите кои брзо биле скротени по што почнало масовно апсење.
 
Според српските медиуми тројца хулигани се потешко повредени, а уапсени се над 70 луѓе, некои јавуваат и за бројки од над 100 навивачи кои завршиле во притвор. Била направена и сериозна материјална штета.
 
 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе