Сампдорија

Уапсен е сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро

Според „Анса“, сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро денеска е уапсен под сомнение за финансиски криминал со дел од компаниите кои ги поседува, клубот не е вклучен. 

Масимо Фереро утринава е уаспен поради корпоративен криминал и лажен банкрот на една од неговите компании. За контроверзниот газда на Сампдорија од поодамна се водат разни истраги за финансиски криминал.
 
Информациите од Италија велат дека тој основа фирми, ги задолжува, а потоа со лажен банкрот ги измамува доверителите.
 
Во овој криминал за кој е уапсен, Сампдорија не е поврзана.
 
Покрај Фереро, уапсени се уште неколку луѓе поврзани со криминалните активности вклучувајќи ја и неговата ќерка Ванеса и блискиот роднина Џорџо.
 
Масимо Фереро од 2014 година е газда на Фиорентина, а во неодамнешно интервју рече дека е уморен и сака да го продаде клубот.
 
Фереро од поодамна е под истрага и за перење пари од трансфер на Педро Обијанг од Сампдорија во Вест Хем за 6,5 милиони евра. Парите наместо на сметката на клубот легнале на сметка на една од неговите компании. Но тој процес се уште нема завршница.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе