Лига на нации

Турците подготвуваат жалба откако Берг излезе со шокантна изјава и откри дека судијата му ветил два пенала!

Фудбалската федерација на Турција подготува жалба до УЕФА откако напаѓачот на Шведска, Маркус Берг откри дека на полувреме добил ветување од судијата дека ќе му досуди два пенала.

Шведска во саботата со 0-1 славеше на гостувањето во Коња, резултат кој значеше дека Турција се сели во ранг подолу во Лига на нации. Единствениот гол го постигна Гранквист од пенал во 71. минута од мечот.

Но голема прашина крена изјавата на Маркус Берг врз кого беше направен прекршокот за најстрога казна. Напаѓачот открива дека на полувремето разговарал со судијата, му замерил за тоа што не му досудил пенал во првиот дел, па добил ветување за два пенали во продолжението од мечот.

„На полувреме разговарав со судијата, поротестирав за прекршокот кој беше направен врз мене а тој не го досуди. Му кажав какво е моето мислење за ситуацијата а тој ми рече: „Ќе ги прегледам повторените снимки и доколку сум погрешил, ќе ти досудам два пенали во второто полувреме“. Добивме само еден пенал, но победивме па немам примедба“ - вели напаѓачот и ја разбранува јавноста.

Фудбалската федерација на Турција веќе размислува да достави жалба до УЕФА.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе